Денес на владина седница ќе се најде изградбата на експресниот пат Охрид Пештани и автопатот Требеништа Струга.
Информациите за пренамена на средствата за изградба на патните правци Охрид – Пештани и Требеништа – Струга ќе се најдат пред министрите во Владата на Република Македонија на 34 седница, која е со повеќе точки на дневниот ред.
Вкупната вредност на експресниот патен правец Охрид-Пештани, во должина од 14,5 километри беше проценета на 52 милиони евра.
