Мерко до Села: Кој губи има право да се лути

Алијансата на Албанците до ДИК поднесе 10 приговори за нерегуларости на исто толку избирачки места од вториот круг на локалните избори кој вчера се одржа во Струга.

Од таму велат дека доколку ДИК им ги прифати приговорите за коишто имале и докази тогаш, очекуваат за две недели да има прегласување во Струга.

Велат дека тоа може да ги промени резултатите во Струга каде што во вториот круг најмногу гласови освои кандидатот на Дуи, Рамиз Мерко, додека Зијадин Села од Алијансата на албанците околу 600 гласа помалку од него.

 

Села  изјави дека не ги признава изборните резултати.

Мерко на ова одговори: „Кој губи има право да се лути“! 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани