Изложбата на детските ликовни творби во Вевчани отворена за посетители до 6 август

Изложбата на детските ликовни дела создадени во рамките на 4. Детска ликовна школа, која се реализира како дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2026, ќе може да се посети до 6 август.

Организаторите упатија благодарност до сите посетители што присуствуваа на отворањето, како и до младите музичари кои со своите настапи придонесоа изложбата да добие посебна атмосфера.

Сите љубители на уметноста кои не ја посетија изложбата на денот на отворањето, ќе можат да ги разгледаат детските творби секој работен ден, од 8:00 до 16:00 часот, до 6 август.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани