Известување од општина Охрид за измените во Законот за данок на имот

Општина Охрид ги известува граѓаните за законските измени во данокот на имот.

Согласно законските измени на Законот за даноците на имот („Сл. весник на РМ“ бр.61/04…151/21), кој започна да се применува од 01.01.2022 година, Општина Охрид, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината, за следното:

За сите непријавени имоти да достават даночна пријава за утврдување на данок на имот (даночната пријава може да ја преземете тука: );

За дополнителните недвижни имоти (освен становите или куќите во кои живеат согласно лична карта), врз кои имаат сопственост, а се користат од други физички или правни лица, да достават договор за закуп или договор за плодоуживање, најдоцна до 28.02.2022 година и
За земјоделските земјишта кои се користат за земјоделско производство, да достават Решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства и Извештај за идентификација на земјишни парцели, најдоцна до 28.02.2022 година.

Документите можат да се достават лично на портирницата на Општина Охрид, преку пошта или на e-mail danocno.oddelenie@ohrid.gov.mk со прилог скенирани документи (задолжително телефонски број за контакт).

Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалната страница на Општина Охрид: https://ohrid.gov.mk/

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани