ЈЗУ Општа болница – Охрид доби донација на медицински помагала, кои ќе придонесат за подобрување на грижата и третманот на пациентите.
Како што информираат од болницата, донацијата опфаќа:
🔹 3 кислородни концентратори
🔹 2 дубаци без тркалца
🔹 13 дубаци со тркалца
🔹 5 инвалидски колички – обезбедени преку „Letz Catz“ и Здружението за ретки болести
🔹 10 инвалидски колички – донација од „Кипер Маркети“

Медицинските помагала ќе бидат ставени во функција за пациенти на кои им е потребна поддршка при движење и рехабилитација, со што директно се подобруваат условите за лекување и закрепнување.
Од ЈЗУ Општа болница – Охрид упатија благодарност до донаторите за хуманоста, општествената одговорност и поддршката на здравствениот систем.
