Комуналец со апел: Совесно одлагање на отпад

Ј.П. „Охридски Комуналец“ алармира дека нивните служби секојдневно се на терен за подигнување кабаст и зелен отпад, но и натаму се соочуваат со големи количини несоодветно депониран отпад.

Како што информираат од претпријатието, се интервенирало во населбата Даљан, на повеќе критични локации. По нивното расчистување, дел од просторот повторно бил загаден од несовесни граѓани кои фрлале кабаст отпад и градежни остатоци.

Од „Охридски Комуналец“ апелираат за поголема совесност и нагласуваат дека и покрај континуираните повици, дел од граѓаните продолжуваат да ја нарушуваат животната средина и да создаваат грда слика за градот, особено во туристичката сезона.

Од претпријатието потсетуваат дека граѓаните можат да пријават и да добијат информации за подигнување на отпад на телефонскиот број 075-397-944.

„Само со заедничка одговорност може да го зачуваме Охрид чист и достоинствен град, Балкански бисер кој го наследуваме и го оставаме на идните генерации“, порачуваат од Ј.П. „Охридски Комуналец“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани