Подготвено 65. издание на Струшките вечери на поезијата – „Каде што живее поезијата“

Поетската манифестација Струшки вечери на поезијата оваа година го одбележува своето 65. јубилејно издание, кое ќе се одржи од 24 до 29 јуни 2026 година во Струга.

Фестивалот ќе започне на 24 јуни со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата „Златен венец“, Анеке Брасинга од Холандија.

Официјалното отворање е закажано за вечерта во 20:30 часот во Културен центар „Браќа Миладиновци“.

Годинашното издание се одржува под фестивалското мото „Каде што живее поезијата“, кое е усогласено со визуелниот концепт на СВП. Преку него се нагласува кревкоста на традицијата и културата, но и нејзината трајност и особеност – јазикот како дом на поезијата, идентитетите и културната разноликост.

Со ова издание, Струшките вечери на поезијата ја заокружуваат 65-годишната традиција на еден од најзначајните поетски фестивали во регионот и пошироко.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани