ЈП „Билјанини извори“ се оградува од кражбите во каналот

„Билјанини извори“ се оградува од кражбите во каналот.

Од јавното претпријатие информираат дека кражбите што се случија деновиве во каналот Студенчишта, при што беа украдени пенти и други предмети од усидрени пловни возила, не се во делот со кој стопанисува јавното претпријатие.

-ЈП Билјанини Извори во изминатиот период посвети и тоа како време и финансии во осигурувањето на безбедноста и сигурноста на пловните возила кои се усидрени на делот со кој ние стопанисуваме при што беше инсталиран и 24 часовен видео надзор. Стоиме на располагање на СВР Охрид околу прибирање на што повеќе информации за што побрзо расветлување на случаите и пронаоѓање на крадците, информираат од ЈП „Билјанини извори“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани