ЈП „Нискоградба“ ги нивелира шахтите низ градот.
-Одделението за градежно одржување во рамки на своите активности,а по укажување на граѓани изминативе два дена изврши подигање и нивелирање на канализационни шахти на ул.Момчило Јорданоски. Ваквите активности во соработка со граѓаните допринесуваат за подигање на квалитетот на живеење на самите места како и во општина Охрид, информираат од ЈП „Нискоградба“ Охрид.