ЈП „Охридски Комуналец” со интензивни теренски активности за уредување и чистење на јавните површини

ЈП „Охридски Комуналец” деновиве реализира интензивни теренски активности за уредување и чистење на јавните површини.

 

Екипите на работната единица „Паркови и зеленило“ вршат засадување на нови цветни насади на повеќе локации во градот и покрај пешачката патека до Горица. Исто така, се спроведуваат активности за прихрана на тревниците и дрворедите како и обновување на зелените површини.

По должина на улицата „Питу Гули“ се спроведуваат активности за уредување на дрворедот.

Во зависност од потребите, секојдневно се врши подигнување на кабаст отпад, кој несовесни граѓани го исфрлаат на несоодветни места.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани