Кампањата „СТОП на домашното насилство“ во Охрид

Денеска на плоштадот „Св. Климент Охридски “ се одржа настан кој е дел од кампањата„СТОП на домашното насилство.

Биди храбра!“ со кој се дава поддршка на жртвите од семејно насилство.

На настанот присуствуваа претставнички од Здружението на ретки болести „Ретко е да си редок“, Здружение на жени „Бисера“, Здружение „Опција Охрид“, Црвен Крст- Охрид, претставнички од Советот на Општина Охрид и од политичките партии. Охриѓанки кои беа дел од случувањето преку напишана порака на дланките тивко ги подржаа жртвите.

Организатор на настанот е сопругата на бугарскиот амбасадор во земјава, Билјана Ангелова, а со поддршка на Општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани