Граѓани алармираат дека канализационите капаци од шахтите на кружниот тек кај Комерцијална банка веќе подолг период се покриени со асфалтен слој.
Според нивните искази пред неколку месеци АД Илинден од Струга вршеше асфалтирање на тој дел и ги покрила шахтите.
Во прилог испратија графички приказ од регистарот на просторни инфраструктурни објекти за Општина Охрид на кој просторно се дефинирани (капаците/шахтите се во јужниот дел од кружниот тек до ивичњакот од улицата) со црвена стрелка и во црвен круг се прикажани покриените со асфалт капаци од канализационите шахти.