Кандидатите за градоначалници ќе потпишат кодекс за фер избори

Денес во 11 45 во Општинската изборна комисија, односново малата сала во општина Охрид кандидатите за градоначалници на град Охрид ќе потпишат кодекс за фер и демократски избори. 

 

Воедно на иницијатива на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, во 14:00 часот, во кафе барот „Галерија“ ќе биде одржана средба помеѓу кандидатите за градоначалник на Охрид и носителите на листи, на која ќе биде потпишан договор за фер борба на претстојните локални избори.

Кандидати за градоначалник на Охрид се професорот  Јован Стојаноски од коалицијата предводена од СДСМ, доктор Митко Тилевски од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Стевчо Стевоски – независен кандидат.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани