Караница на избирачко место во Франгово

Караницата се случила во школо во струшкото село Франгово.

Вчера во 18,45 часот било пријавено дека во с.Франгово-струшко во основното училиште „Агим Агуши“ на избирачко место бр.1880, дошло до нарушување на јавниот ред и мир и омаловажување на полициски службеник од Полициската станица Струга.Имено во ходникот од училиштето дошла група од околу десетина граѓани, меѓу кои и Д.К. (49) од с.Шум-струшко кој влегол во избирачкото место и вербално го нападнал претседателот на избирачкиот одбор околу полнењето на кутиите. Веднаш е реагирано од страна на полициски службеник, но Д.К. почнал и него да го навредува и агресивно да се однесува.
-За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани