Струга го одбележа Меѓународниот ден на старите лица

1 октомври е Меѓународни ден за грижа на стари лица.

Струшкиот Црвен крст им посвети должно внимание на старите лица одбележувајќи го со активностите Меѓународниот ден за грижа на стари лица, 1 октомври. Општинската организација на Црвен крст – Струга денеска имаше средба со претставници на Здружението на пензионери и активот на жени.Според секретарот на Црвен крст – Струга, Адуреиме Даути, волонтерите на Црвениот крст, со 40-тина членови од здруженијата разговарале за правата на старите лица, грижата за нив и посветеноста од институциите.
– Грижата кон старите лица треба да е поголема. Тие тоа и го заслужуваат. Секој од нас може да помогне барем малку да им возвратиме за тоа што го направиле за нас, порача Даути.
Медицински тим на Црвениот крст им проверувал шеќер во крвта на присутните, а во рамки на активностите ќе бидат доделени и хуманитарни пакети на стари, изнемоштени и осамени лица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани