Охрид домаќин на изборот на најдобар бармен

Изборот е јубилеен 10-ти по ред и ќе се одржува во „Куба Либре“.

Утре и задутре во Охрид ќе одржи 10. јубилејно издание на „Вигор Бармен купот“, најголемото натпреварување од тој вид во Македонија.
Учесниците на натпреварувањето што ќе се одржува во кафе-барот „Куба Либре“ во Охрид ќе приготвуваат коктели во категоријата „класика“, а жирито составено од еминентни експерти од Хрватска ќе ги оценуваат нивните техники на подготовка и самите коктели. Жирито ќе ги оценува и бојата, вкусот и мирисот на секој коктел, што дополнително го прави натпреварувањето своевиден коктел-предизвик.
Натпреварувањето започнува утре во 10:30 часот со пријавување и регистрација на натпреварувачите, а полуфиналето почнува напладне. Пред натпреварувачкиот дел, презентација ќе имат неколку од најдобрите македoнски бармени кои ќе ги прикажат своите таленти и вештини. Купот завршува со финалето што ќе се одржи на 3 октомври во 12 часот.Гостите, сите коктели кои ќе се направат за време на натпреварот ќе може бесплатно да ги дегустираат. Задолжени за музичкиот дел од настанот ќе бидат Robbie Ray the LED Robot и Mirror Man. Исто така, публиката ќе ја забавува и Марио Мајцен, повеќекратен хрватски шампион во флер – атрактивно подготвување коктели.
Актуелен шампион во приготвување коктели во категоријата „класика“ е Васил Пеевски од Скопје, победник на ланскиот куп одржан во Куманово.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани