Јавен повик за изработка на видеа за Охрид

Општина Охрид објавува Јавен повик за изработка на видеа на тема : “Кога би имале еден ден во град со културно наследство”, во рамки на организацијата на градови со природно и културно наследство “ORGANIZATION OF WORLD HERITAGE CITIES “ (OWHC).

 

OWHC оваа година го спроведува петтото издание на интернационалниот натпревар за видео продукција.

Овој натпревар е наменет за две групи на млади луѓе и тоа : првата група се однесува на млади од 14 до 17 години, а втората од 18 до 21 година.

Градовите кои се регистрирани во OWHC мрежата се поканети да продуцираат видео во времетраење најмногу до 5 минути на тема “ Кога би имале само еден ден во град со природно и културно наследство” и истото треба да биде објавено на Youtube cannel на OWHC мрежата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани