Казна од 1000 евра за адвокатот на првообвинетиот Асани во случајот со родилката од Дебар

Парична казна од 1000 евра доби , бранителот на првообвинетиот лекар  Мухамед Асани, во случајот со родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи. .Заради злоупотреба на права и постојано одлагање, Судот донесе одлука да се додели и нов адвокат  на обвинетиот.

Целта на овие мерки е да се спречи застарување на делото, во август идната година.

-За случајот Веапоска,, исто така, покрај паричната казна, ови пат отидохме затоа што имаше повеќекратни одлагања од истиот бранител, се донеса одлука Судот да определи нов бранител кој што ке  ги застапува интересите и затоа на многу краток рог го одложитме за да можеме конечно да имаме услови да го завршиме, вели Јордан Јованов судија.

Јилдаз Веапоска денес во судот дојде со десеттина нејзини поддржувачи од Дебар, најави протести,  доколку до крајот на годинава не заврши судскиот процес, кој се влече  веќе 4,5 години.

-Јас лично имам 0% доверба во нашите судови и така што ќе чекаме до крај на месецот Мислам дека ако заврши, ке биде во ред, ако не заврши, ќе има протести во Дебар,  протести пред судот во Струга, ќе има протести и во Кривичен  Скопје, вели Јилдаз Веапоска оштетена.

-Ние не бараме нешто невозможно бараме она што треда да го добие- правда. Не дека лист хартија ке го  врати она што го изгуби но да се знае кој каде сме, вели Бајрам Несимоски  жител на Дебар.

Истиот адвокат, Игор Петковски денес беше казнет со дополнителни 2000 евра за одлагање на две судски рочишта во кои е обвинет поранешниот градоначалник Рамиз Мерко.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани