Ќе се поставува видео надзор на депонијата Буково

Ќе се оградува, , осветлува  и ќе се поставува  видео надзор на депонијата Буково. Дополнително ќе се покрие со 4.000 кубици земја. Ова се мерките за  привремено решение на проблемот со депонијата, која поради честото спалување го загадува целиот регион.

Потребни ќе бидат околу четири години за конечно  затворање на депонијата Буково, односно за отворање на регионалната депонија во Новаци. Тоа ќе биде трајното решение на проблемот.

-Ако денеска го формираме регионалното јавно претпријатие тоа не значи дека почнува да функционира во истиот момент, затоа е потребно да се изградат и претоварните станици.Така да сметам дека 2025-та на пролет е вистинско време ние како општини да го почнеме и да го формираме регионалното јавно претпријатие, да го подигнеме и започнеме да го користиме грантот од Светска банка кој е веќе обезбеден за оваа работа и лека полека да се одвиваат работите и приспособувањето на теренот во самата општина Новаци каде што е регионалата депонија  но и прочистителните станици онаму каде се планирани во нашиот регион, вели градоначалникот Кирил Пецаков

Планот за изградба на регионална депонија во Новаци извесен период беше во застој бидејќи градоналаникот на Новаци не дозволуваше нејзина изградба, доколку државата не изгради обиколница која ќе води до неа .Проектот е готов и може да се почне со изградба на обиколницата.

-Сметам јас дека тој процес е откочен затоа што ребалансот на буџетот 2023 беше направен проект што значи дека државата ќе пристапи кон изградба на тој пат и секако дека ова е префрлање  на депониите односно создавање на претоварни станици нема да оди преку ноќ. Сметам дека е крјано време на почетокот на  2025 за која и лично се залагам како претседател на Југозападниот регион да го отпочнеме процесот на формирање на регионалното јавно претпријатие,  додава Пецаков.

Неодамна се формира групацијата Збогум Буково“. Невладини, еколози, активисти  и  месни заедници  во охридскиот регион бараат итно решавање на проблемот со  депонијата Буково.

Депонијата во Буково е на листата 25 приоритетни нестандардни депонии за затворање во земјава. Како високоризична за животната средина со  Националниот план за управување со отпад, но   и со препораките на Унеско требаше да биде затворена најдоцна до 2020 година.

Новинар Соња Рилковсвска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани