ЈП “Билјанини Извори” и турнирот во futsal “Ohrid Freed” ги поканува сите љубители на спортот и на фудбалот денес вторник 5 Ноември од 20:00 часот до 22:00 часот и среда 6 Ноември од 20:00 часот до 22:00 часот, да дојдат во Спортската Сала “Билјанини Извори” и ги проследат натпреварите.
Во Вторник двата полуфинални натпревари:
•Во 20:00 ч. помеѓу екипите на Инекс Олгица Хотел и СПА и Гостилница кај Мече и
•21:00 ч. Провелд Волино и минатогодишниот победник на Ohrid Freed АСП ПАК.
Додека на 6 Ноември среда во:
•20:00 часот натпреварот за трето место и во
•21:00 часот финалниот натпревар за прво место.
Хуманитарниот турнир во Futsal “Ohrid Freed” организиран од ЈП “Билјанини Извори” и Општина Охрид се организира секоја година во чест на 7-ми Ноември, денот кога нашиот Охрид е ослободен од Фашизмот.