Ќафасан – заеднички граничен премин на двете земји

Албанија ќе биде втората земја со која Македонија ќе воведе заеднички гранични контроли со едно застанување.

Владите на двете земји веќе дале согласност, се чека само да завршат градежните работи на граничниот премин Ќафасан.

Директорот на Македонската царина вели дека целта е да се направи единствена регионална економска зона на Балканот. Македонија и Србија ќе бидат првите кои од следната година во иста канцеларија ќе ги седнат полициските и царинските служби. 

Земјите на Балканот губат милијарда долари годишно поради долгите чекања на границите. Податоците од Светска банка покажуваат дека камионите 80 отсто од времето го поминуваат чекајќи на границите, а 20 отсто по патиштата на Балканот. Со спојување на службите меѓу државите ќе поевтини увозот и извозот, ќе се зголеми протокот, а ќе се намали можноста за царински измами, пишува 24 ТВ.

Доколу сите земји ги имаат имплементирано моделот на граничен премини со едно застанување, трговската размена ќе се зголеми за 3,5 проценти, а трошоците на опраторите ќе се намата за 10 насто.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани