Ќе се гради нова фабрика за козметика

Во индустриската зона Охрид Струга започнува изградба на нова фабрика. Станува збор за компанијата „Речиандсанс ентерпрајс“ која ќе  произведува  козметика , а  ќе ја гради повратник од дијаспората по потекло од струшко Велешта.

 

Инвестицијата е вредна  три милиони евра, а  ќе донесе 250 нови вработувања во регионот.

-„Оваа инвестиција денеска е доказ  дека македонските иселеници се враќаат по длги години во својата родна земја да инвестираат. Та се должи на подобрувањето на економските услови , на стекнувањето доверба во инсттуциите и разработената стратегија за вложување на капиталот“,вели  Александар Младеноски  директор на Дирекцијата на  ТИРЗ.

– „Ова е прилика Македонија да задржи голем дел од младите кои бараат подобар живот. Можеме да обезбедиме иднина во која Макеоднија ќе извезува производи а не луѓе.  Стабилноста и растот ќе овозможат подобар живот за нашите деца, подобра иднина иднина и надеж за луѓето. Одлучувам да инвестирам  во Макеоднија и во луѓето , во земјата на мојот татко и неговиот татко“, истакна Армард Речи инвеститор.

Успехот за новата инвестиција , втора по ред во индустриската зона Охрид – Струга, владините претставници  го препишаа на бројните реформи направени во изминатиот период.

– „Само во првите шест месеци оваа година странските инвестиции во Р Макеоднија достигнаа 327 милиони евра . Извозот се зголемува од ден на ден и само од компаниите кои оперираат во слободните економски зони кои се и наши најголеми извозници во првите седум месеци годинава вредноста на извозот на стоки изнесува милијарда и 360 милиони евра. Во споредба со лани имаме пораст од 18%„рече Крешник Бектеши  министер за економија.

– „Денеска заводот за статистика го објави податокот дека бруто домашниот производ  во вториот квартал во 2018 година во споредба со истиот квартал во 2017 година има пораст од 3,1 %. Уште еднаш ке подвлечам има пораст од 3,1 %. Значи дека полека мерките даваат резултат дека економската политика дава резултат“, рече Кочо Анѓушев  вицепремиер за економски прашања.

Новата фабрика „Речиандсанс ентерпрајс“  ќе се простира на површина од 2500 метри квадратни, во непосредна близина на фабриката на германската ОДВ Електрик која работи од минатата година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани