Ќе се гради пречистителна станица во Радожда

Со изградба на пречистителна станица ќе се заокружи колекторски систем од струшко Радожда. Ќе се намали загадувањето на Охридското езеро,како клучна препорака на Унеско, а водата ќе биде побезбедна за капачите.

 

Наместо продолжување на постоечкиот цефковод на колекторот од Елен Камен, поради заштеда на електрична енергија ќе се гради пречистителна станица.

„Нашето размислување е Радожда да се реши со сопствена пречистителна станица со капацитетите кои што ги има Радожда. Пречистената вода да може дирекно да се влева во Охридското езеро“, вели Владимир Алексијоски директор на ЈП Колектор.

ЈП Колектор ќе го снима целосно колекторскиот цефковод со цел да се детектираат дивите приклучоци кои го отежнуваат нормалното функцинирање, а во струшко ги има многу.

„Во план ни е да го снимиме целосно колекторскиот цефковод и да продолжиме со санацијата која ја оточнавме а која што ни беа доделени средства и истата таа како пва фаза е успешно завршена“, вели Алексијоски.

Владата во февруари лани побара проектот за колекторски систем во Радожда , во насока на отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, да биде приоритетен за 2021 – 2022 година, но изградбата се уште не е започната.
Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани