Свикана втората седница на Советот на општина Охрид.
Новите градски советници денес ќе бираат Претседател на Советот на општина Охрид.
Се уште не се знае кој ќе го има мнозинството во градскиот совет. СДСМ има 11 советници, ВМРО ДПМНЕ 10 а ДУИ 2.
Ова се останатите точки на дневен ред:
Предлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија.
Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет.
Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности.
Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам.
Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности.
Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој.
Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина.
Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт.
Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.
Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.
Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.
Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2017 година.
