Мајка рис и малечко фотографирани на Јабланица

Има надеж за Балканскиот рис на планините во Југозападниот регион во земјава.

Ловџиите од ловџиското друштво Церн Камен Вевчани деновиве направија извонредни фотографии на кои се гледа мајка рис и нејзиното малечко. 

Овој подадок влева надеж дека рисот, кој изминативе години е на работ на исчезнување, веќе  природно се размножува. 

Македонско еколошко друштво досега преку методот на фото-замки има слики од три риса на Јабланица, но ова е првпат да има слика од мајка со рисче.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани