Ќе се одбележи Светскиот ден за Прва помош

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди.

Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција за намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.
-„И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош (8 септември), ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап“, информираат од Црвениот крст Охрид. 

Темата на Светскиот ден за Прва помош е Прв одговор при собраќајни несреќи. Факт е дека секој ден било да се работи за пешаци, велосипедисти, возачи или патници, секој од нас е корсник на некој начин на патиштата. Но за жал, секој ден околу 3500 луѓе биваат убиени на патиштата, а стотици илјади се повредени и тоа најчесто со животни последици.
Добро познат факт е дека ако не биде укажана навремена прва помош, многу од тешко повредените лица не преживуваат во сообраќајните несреќи (Светска Здравствена Организација-СЗО, 2004). Примената на техники за укажување на прва помош, особено правилното позиционирање на повредениот пред да пристигне тимот на ИМП, може да значи многу во однос на изборот помеѓу смртта и животот.

Под мотото „НЕ ВИ Е ПОТРЕБНА ЛИЦЕНЦА ЗА ДА СПАСИТЕ НЕЧИЈ ЖОВОТ“ Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош на 8.9.2018 г. (сабота) на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ каде во периодот од 10-12 ч. тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при повреди во сообраќајни незгоди.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани