Ќе се одржи првиот Меморијален атлетски митинг

Во чест на познатиот  атлетичар и истакнат професор Влатко Димитров од Охрид , денес (28ми април) ќе се одржи првиот Меморијален Атлетски Митинг.

Со овој значаен настан ќе се отпочне  уште една нова традиција со која барем малку ќе му се оддолжиме на професорот Димитров за неговите дела и неговата посветеност на атлетиката, рече претседателот на охридскиот атлетски клуб Пецо Неданов.

-„Нашата иницијатива наиде на големо рабирање од страна на АФМ и со нивна значајна помош решивме да ја започниме оваа традиција. Настанот ќе започне утре околу 12 часот со поздравни говори и отварање на митингот. Првата дисциплна фрлање на диск ќе започне во 12 и 30 часот, а останатите од 13 часот до 14 и 35 кога стартува и последната дисциплина 400 метри за мажи. Како меморијална дисциплина ќе биде скок во далечина во машка и женска конкуренција во која дисциплина проф. Влатко Димитров имаше најдобри достигнувања со своите атлетичари и до ден денес држи рекорди во Р.Македонија“

-„Благодарам за иницијативата…..бидејќи делото на Влатко ќе живее со овој меморијал, благодарарам и на сите атлетичари кои останаа во клубот и се надевам дека новиот тренер ќе продолжи по стапките на проф. Влатко“, рече сопругата на покојниот професор Надица во изјава за ТВМ. 

На денешниот митинг ќе учествуваат  над 120 атлетичари од земјава, како и од соседните земји, Србија, Бугарија, Албанија и Косово.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани