Кој и зошто го уби балканскиот бос на проституцијата?

Полицијата се уште трага по убиецот балканскиот бос на проституцијата Дилавер Бојку Леку, кој вчера среде бел ден беше убиен додека одмараше на сопствената плажа. 

 

На плажата Аква Блус Скај, која инаку   беше дивоградба и пред две години  локалната власт се обиде да ја урне, во моментот на убиството немало многу гужва.

Охриднет дознава дека биле само дел од вработените во комплексот. 

Убиецот стигнал со мотор, брзо пукал во пределот на главата и веднаш избегал.

Стружани велат причина за убиството е крвна одмазда.

Се погласно се зборува дека убиството го извршил или го нарачал  таткото на 23  годишниот Фитим Истрефи, кој ноќта на 12 декември 2015  година   беше убиен на патот за Долна Белица од страна на братот и синот на Дилавер Бојку.

Во вооружената престрелка со тешки повреди помина и братот на Фитим. 18 годишното момче едвај спаси жива глава, со месеци се лекуваше на скопските клиники. Ранет беше и братот на Дилавер, кој сега е во притвор, а синот на нарко босот од Велешта, од тој ден  е во бегство. 

Причината за тогашното убиство биле нерасчистени меѓусебни односи меѓу двете семејства. 

Крвната одмазда претставува социјалната обврска да се изврши убиство со цел да се спаси честа поттикната од страна на претходно убиство или морално понижување.

Таа може да запре само доколку се смират двете семејства во посредство со оџа. Во спротивно трае со децении и  векови, а страдаат машките лица во семејствата. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани