Колев: Да го погледнеме минатото со реални очи

Ние како македонско општество треба да го погледнеме минатото со реални очи и без фрустрации, прифаќајќи ги историските вистини такви какви што се, стои во писмената реакција на Петар Колев од ГДУ. 

 

Нашите пријатели и роднини од Бугарија, особено наследниците на стотиците илјади бегалци од Македонија, треба да ја погледнат и прифатат сегашноста таква каква што е, без непотребна емоционалност, туку чисто практично и прагматично, а заедно да изградиме визија за иднината која неспорно е дел од ЕУ и НАТО.

Сето тоа би можело да се случи само ако се работи искрено, на база на вистината и реалноста и без непотребно индоктринирање на општествата.

Само оваа формула може да сработи за нормализирање на односите Скопје-Софија и да отвори простор за идните генерации.

Пумпањето на злоба, манипулирањето и играњето на непотребен патриотизам, како и потценувањето на некои јасни пораки само ќе ни ја загорчи реалноста, пишува Колев.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани