Жител на Лескоец повреден во сообраќајка во ресенско

Жител на Лескоец повреден во сообраќајка во ресенско.

На 11.10.2019 во 14,15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Битола-Ресен со регионалниот пат Макази-Маркова Нога, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “голф 3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.С(35) од с.Лескоец,охридско и патничко возило “сеат толедо“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(28) од Ресен. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.С., неговата сопатничка М.С.(31) од с.Лескоец,охридско и сопатничката во патничкото возило “сеат “, Н.Ц.(28) од с.Царев Двор,ресенско кои се пренесени во Клиничкиот центар во Битола за укажување на лекарска помош. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани