Кривична пријава за бесправно градење во Коњско

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Според информациите од полицијата, пријавениот на катастарска парцела во охридското село Коњско изградил викенд куќа без одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид.

По извршен инспекциски надзор, надлежните донеле решение за отстранување на бесправно изградената градба.

По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе следува соодветна постапка пред надлежните органи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани