На 25.02.2026 година во 19:50 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга сопреле патнички автомобил „Фолксваген Туран“ со струшки регистарски ознаки.
При контролата било констатирано дека возилото го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член од семејството на малолетникот, извршиле службен разговор, а возилото било одземено.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
