СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според информациите, пријавениот во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што ги присвоил парите, а потоа со банкарската платежна картичка на оштетениот, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќања за свои потреби.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
