СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и против О.Ф. (43) од Охрид, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“.
Според информациите, во текот на 2024 и 2025 година, второпријавениот, со намера да прибави имотна корист, фалсификувал и користел лажно одобрение за градење од Општина Охрид за надградба на станбена зграда.
Тој се рекламирал преку свој профил на веб-страница за продажба, каде објавувал огласи за продажба на станови, при што земал пари од повеќе лица, информираат од СВР Охрид.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
