Како најава за одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина (8 мај) и Неделата на Црвениот крст (8–15 мај) под мотото „ХУМАНОСТА ОБЕДИНУВА“, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид, утре (06.05.2026), ќе организира крводарителска акција.
Акцијата ќе се одржи од 10 до 14 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, каде можност да даруваат крв ќе имаат студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите, како и сите заинтересирани граѓани.
Со оваа активност се повикува на солидарност и хуманост, давајќи им можност на граѓаните преку крводарување да помогнат во спасување човечки животи.
