ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишната Н.С. од струшко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“, казниво по член 201 став 1 од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, пријавената во вечерните часови на 8 кон 9 јуни годинава ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа.
Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга, во паркираното возило, ги затекнале децата како спијат.
По целосно документирање на случајот, против неа е поднесена соодветна кривична пријава.
