СВР Охрид поднесе кривична пријава против агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и против И.С.(57), сопственик и управител на агенцијата, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.
Според полицијата, пријавениот не ги исполнил обврските од договорот склучен со Управата за заштита на културното наследство, со што не ги обезбедил потребните технички услови предвидени во истиот.
Имено, наместо задолжителниот минимум, ангажирал помал број на лица за физичко и техничко обезбедување. Договорот предвидувал најмалку 10 лица за физичко обезбедување со соодветни лиценци и легитимации, како и минимум пет лица за техничко обезбедување со лиценца.
Со тоа, според надлежните, биле прекршени условите за квалитетно и безбедно извршување на договорот.
По целосно документирање на случајот, против пријавените ќе следува соодветна постапка.
