Охриѓанец уапсен: Со закани го тероризирал сопственото семејство

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 44-годишен охриѓанец поради сериозни закани и вознемирување.

Според информациите од полицијата, лицето И.Р. од Охрид подолг период телефонски, како и преку профили на социјални мрежи, упатувал закани и вознемирувал повеќе членови на неговото семејство.

По добиени пријави, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони, компјутери и други електронски уреди, кои ќе бидат предмет на понатамошна истрага.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани