Кривична за бесправно градење во Љубаништа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П. (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „бесправно градење“.

Според информациите од полицијата, пријавената, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа изградила објект за домување без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид.

По извршените контроли и констатираната состојба на терен, надлежниот инспекторат донел решение за отстранување на бесправно изградената градба.

По целосно документирање на случајот, против пријавената ќе биде поведена соодветна постапка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани