Провалено во училиштето во Велешта

На 28.02.2026 година во 14:50 часот во ОВР Струга било пријавено дека во основно училиште во струшкото село Велешта, засега непознат сторител извршил кражба.

Според пријавата, сторителот насилно отворил прозорец, оштетил дел од училишниот инвентар и одзел 400 денари.

Од ОВР Струга информираат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани