Кривична за стружани кои спречувале полицајци

Полицајците биле спречени во мерки кон лица кои не носеле заштитни маски.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.А.(33) од струшкото село Калишта и В.Н.(29) од селото Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Двајцата, на 02.06.2020 година во 21 часот, им се спротивставиле на полициските службеници да извршат контрола и легитимирање на гости во угостителски објект лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга.
Дополнително, пријавените ги спречиле полициските службеници да преземат службени мерки кон лица кои не ја почитувале уредбата за носење заштитна маски. Контролите биле преземени во соработка со Државниот пазарен инспекторат со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на заразна болест Ковид 19, соопшти портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани