Полицијата изрекла 88 казни за неносење заштитни маски.
Продолжува несериозниот однос кон потребата и обврската за носење заштитни маски. Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 88 прекршоци за не носење лична заштита на лицето (Охрид-38, Струга-32, Кичево-16, Дебар-02)“.
– Ним, издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 06 контроли врз угостителски и други објекти, изјави портпаролот Димоски. Додава и апелира до граѓаните на целосно почитување на законската одредба за носење заштитни маски со цел поголема заштита од коронавирусот.