Кривична за удар во велосипедист

40 годишен стружанец бил удрен од автомобил.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ОВР Струга до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.А.(28) од Охрид.
Тој, на 11.05.2020 година во 18.40 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, поради неприлагодена брзина на движење, недржење страна и правец на движење, со возило го удрил Д.И.(40) од Струга, кој, на десната страна од коловозот, управувал велосипед и му предизвикал тешки телесни повреди, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани