Сатеска под, а Дрим над просекот

Реката Сатеска е шест пати под просекот.

Хидробиолошката состојба со реките и езерата во Македонија има значителни промени по последниве врнежи што деновиве ја зафатија земјава. Некои реки бележат зголемувања на водостоите, а повеќето се во рамки на просекот што досега не беше случај.
Според УХМР, повисоко ниво за 40-на сантиметри бележи реката Црн Дрим кај Струга а реката Бабуна кај Богомила, покажува двојно покачување. Реката Сатеска останува со драстично намалено ниво, за нешто повеќе од шест пати во однос на просекот. Според УХМР, кај езерата не се забележани поголеми промени.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани