Кривична за злоупотреба на службена положба и овластување

Пријавата е поднесена против Ѓ.Б.за сторено дело во 2014 година.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(45) од Охрид зпоради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”. Во октомври 2014 година пријавениот,како началник на одделението на државниот пазарен инспекторат во Охрид, од О.Ф. од Скопје, сопственик фирма од Скопје, побарал да исплати фактура во износ од 35.900 денари кон друга фирма од Охрид. Потоа, во декември 2014 година пријавениот, повторно од О.Ф. побарал да исплати фактура во износ од 40.532 денари кон наведеното правно лице. Во текот на 2015 година, пријавениот, од О.Ф. побарал да исплати фактура во износ од 60.000 денари кон хотел во Охрид, при што тој одбил да ја исплати истата. По ова, во деловен објект фирмата на О.Ф., од страна на вработени во државниот пазарен инспекторат бил констатиран прекршок при што била изречена соодветна глоба. Поради тоа, О.Ф. повел судска постапка во која било утврдено дека прекршоците констатирани од државниот пазарен инспекторат не биле направени, по што било поништено решението на државниот пазарен инспекторат. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани