Кривични пријави против тројца, фалсификувале документи за кредит

Стружанец, охриѓанец и жител на ЛИвада заработија кривични пријави за фалсификување на документи за добивање на кредит. 

 

-„Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против Н.Л.(62) од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама при добивање кредит или друга погодност”, против Ј.Џ.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување на исправа“ и против М.К.(66) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност”, „фалсификување на исправа“ и „соизвршителство“. Пријавените, кривичните дела ги сториле во врска со увезен патнички автомобил „мерцедес“, кој легално не можел да се регистрира, поради што, изготвиле фалсификувани документи. Тие ги приложиле документите во Бирото за метрологија при Министерство за Економија – Скопје и АМД Охрид за регистрирање на возилото“, информираат од МВР. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани