Културното наследство – двигател на туризмот и чувар на идентитетот

Културното наследство може  да биде  двигател на туризмот и локалната економија. Охрид треба да се стреми кон развој на специфичен културен туризам, кој ќе привлекува посетители заинтересирани за богатата историја, археологија и култура.  . Придобивки ќе  има целиот локален економски сектор. Ова се пораките на експертите на меѓународниот симпозиум за археологија што се одржува во Охрид.

„Апсолутно треба да се вложува повеќе. Треба заедно државата, бизнис-секторот и науката да соработуваат, бидејќи археологијата и воопшто културата и културното наследство се сектор кој придонесува. Тие не се потрошувачи, туку сектор кој навистина може да придонесе за туризмот, за афирмацијата, дури и за нашите најстратешки национални цели“, вели ЉУБЕН ТЕДОВСКИ Професор по археологија, УГД – Институт за историја и археологија

„Бидејќи сте во една прекрасна земја, би предложила да се насочите кон специфичен вид туризам, со висок и среден квалитет. Во Рим имаме различни видови туризам, но туризмот со низок квалитет го уништува културното наследство и не ви остава голема економска корист“, истакна ЕМАНУЕЛА БОРЏА Професор по археологија, Универзитет „Сапиенца“, Рим.

За поголема туристичка валоризација на културното богатство, неопходни се силни  вложувања во истражувањата и заштитата. Експертите велат  средствата вложени во археологијата се инвестиција што носи повеќекратна корист.

 „Парите вложени во археолошкото наследство и археолошките истражувања се многу добра инвестиција за секоја држава – во знаењето, во разбирањето на самите себе, во создавањето туристички услуги и во зачувувањето на идентитетот. Дефинитивно треба да вложувате повеќе“, изјави ФЕЛИПЕ КРИАДО БОАДОИстражувач, Институт за наука за наследството, Шпански национален истражувачки совет

Врвни професори, академици и истражувачи од престижни европски и светски универзитети и научни институции се дел од Вториот меѓународен научен симпозиум за археологија во Охрид, кој се одржува во рамки на Европските денови на културното наследство.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани