Лабуништани заработија кривична

Двајцата се шетале низ селото за време на полициски час.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.И.(39) и Х.Б.(19), двајцата од струшкото село Лабуништа. На 25.05.2020 година во 22 часот, полициски службеници при вршење контрола во селото, за време на полициски час, ги затекнале пријавените во селото без соодветна дозвола за движење издадена од надлежен орган. Со тоа, постапиле спротивно на прописите на Владата за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани