Охридската полиција им дели протоколи на угостителите

Превентивно СВР Охрид соработува со угостителите.

СВР Охрид, преку одделението за превенција, презема активности за контрола во спроведувањето на мерките и препораките на владата за заштита и превенција од корона вирусот – COVID 19 поврзани со доследно почитување на протоколите за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана.
Во рамките на овие превентивни активности, на целото подрачје на СВР Охрид, полициски службеници остваруваат редовни контакти со сопствениците и другите одговорни во угостителските објекти заради укажување на неопходноста од целосно спроведување на предвидените безбедносни мерки за заштита од Ковид 19 и успешно менаџирање со објектите под овие околности, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

Во рамките на активностите, полициските службеници, на угостителите им делат флаери со целосниот сет мерки од протоколите за работа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани