Момче сторил сообраќајка во полициски час

19 годишниот млад возач избегал по сударот.

Млад охриѓанец, за време на полициски час, со возилото удрил во бетонски столб и најверојатно многу уплашен избегал од самото место. Го пронашла полицијата и му поднесла пријава. СВР Охрид, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Ф.П.(19) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Тој, на 11.05.2020 год. околу 01,00 часот, на локален пат во селото Песочан, општина Дебарца, предизвикал сообраќајна незгода во која со свое патничко возило удрил во електричен столб и избегал. По преземени мерки, тој е пронајден при што, полициските службеници констатирале дека не поседувал дозвола за движење во време на полициски час, издадена од надлежен орган, соопшти портпаролот на СВР Охрид м-р Стефан Димоски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани